Ракомет
4. January 2017 - 19:49

У_21: Сигурна победа на Македонија над Полска

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ја постигна првата победа во квалификациската група за пласман на СП 2017 во Алжир. Попладнево во СРЦ Кале беше совладана Полска со 30:22 (16:8). 

Победникот беше решен во првото полувреме кога нашите младинци одлично одиграа во одбраната, па противничкиот селектор мораше и по 20 минути да ги искористи двата тајм аута. Одбраната 5-1 донесе резултат со неколку лесни голови, пред се од контри каде се истакна Мице Шилегов. 
Во вториот дел во два наврати Македонија имаше и +10 разлика (22:12 и 28:18). 
Најефикасен на дуелот беше Шилегов со 8 голови, Талески постигна 5, а Велковски и нелоски по 4, додека Томовски имаше 8 одбрани, а Даниловски 6.
Кај Полска најпрецизен беше Сицко со 6 голови.
На првиот натпревар од групата Португалија ја победи Турција со 40:27.
Македонија утре во 2.коло ќе игра против Португалија со почетокот од 17:45 часот, а од 15 часот е почетокот на дуелот Полска - Турција.