Фудбал
9. December 2016 - 13:15

У-21: ТВ правата ја рангираат Македонија пред Србија

 
Младите фудбалски репрезентативци на Македонија очигледно создадоа рејтинг кој е за почит пред стартот на ЕП во Полска наредната година. За тоа говори податокот дека носителот на ТВ правата , ТВ Полсат ја рангираше Македонија пред Србија и одлучи нашата селекција своите средби да ги игра на поатрактивни стадиони па затоа наместо да играме трипати во Бидгошч како што беше првин најавена ќе играме во Гдиња , 2 средби и само еднаш во Бидгошч со селекцијата на Србија која сите три средби ќе ги игра токму во овој град. 
Менаџерите на телевизијата одлучија Македонија да игра два меча во фазата по групи во ударни термини, од 20,45 часот.
 
Неофицијално целиот проект на Полсат тежи околу 20 милиони евра, па според правилото кој дава пари, тој и одлучува, Полјаците направија математика дека Македонија како дебитант, но и како селекција што ја елиминира моќната Франција е поатрактивна за гледачите од Србија.
 
И секако, челните луѓе на Полсат имаат адут во ракав, да ги вратат милионите што ќе ги вложат, па дури и да заработат, бидејќи се очекува над 130 земји да прават преноси во живо од шампионатот во Полска.
 
Ланскиот завршен турнир во Чешка го гледале 86 милиони луѓе од 129 држави, а Полјаците имаат и предност, бидејќи за првпат завршниот турнир ќе се игра со 12 репрезентации, наместо со 8.