-->
У-21: Саул Нигез ја предводи Шпанија на ЕП во Полска
Селекторот на младата репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Европското првенство во Полска.
Шпанија во Б групата, покрај Португалија и Србија, ќе биде еден од противниците на младата репрезентација на Македонија.
„Црвената фурија“, според составот, ќе атакува на титулата во оваа категорија на фудбалери.
Селекторот Селадес во тимот има веќе докажани играчи на европската сцена како Саул Нигез од Атлетико Мадрид, Гаја (Валенсија), Инаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Џерар Делофеу (Милан), Денис Суарез (Барселона), Хектор Белерин (Арсенал), Ојерзабал (Реал Сосиедад), Марко Асенсио (Реал Мадрид).
Македонија токму против Шпанија ќе го отвори настапот на Европското првенство за играчи до 21 година. Дуелот ќе се игра на 17 јуни, од 20:45 часот, во Гдиња. Потоа младите македонски фудбалери ги очекуваат дуелите со Србија (20 јуни, 18 часот, Бидгошч) и Португалија (23 јуни, 20:45 часот, Гдиња).
-->
-->
Ново на Сител
-
Најголем дел од фекалните води завршуваат во реките
-
УСАИД со проект за поддршка на малите фирми
-
Ќе се обновуваат економските односи со Иран
-
Ревизорите констатираат неправилности во трошењето на народните пари - институциите не реагираат
-
И Анѓушев бара темелна истрага за стечајот во Фени
-
Монструм и 27 април централни теми на пратеничките прашања- седницата започна со „чочек“
-
Уапсен штипјанец за продажба на дрога
-
Протести за Монструм пред Кривичниот суд