Фудбал
28. August 2017 - 18:35

У-21: Милевски прозиваше за новиот квалификациски циклус

Ерменија во премиерниот меч од новиот квалификациски циклус.  Селекторот Милевски со нови сили ќе се обиде да го повтори успехот на претходната генерација која учествуваше на ЕП во Полска.

Нема дилеми предизвикот за Милевски е голем да подготви нов тим кој ќе биде конкурентен во новиот квалификациски циклус.  На стартот според селекторот следува дуел со незгоден и квалитетен тим:

„ Што се однесува до дуелот со Ерменија не очекува тежок противник, кој игра брз, динамичен и агресивен фудбал. Ќе биде потребно да дадеме повеќе од максимумот за да извлечеме поволен резултат“-изјави Милевски за ТВ Сител. 

                Подготовките за дуелот со Ерменија ќе бидат кратки но сепак Милевски има  добар увид во потенцијалот и квалитетот на неговиот тим во кој засега нема здравствени проблеми.

                Експедицијата за Ереван патува во сабота а средбата се игра на 5-ти септември , вторник со почеток во 17часот.