У-21: Македонија со извонредна серија на резултати
Македонската репезентација до 21 година заедно со Португалија ја има најдолгата серија без пораз на официјални натпревари. Селекцијата која ја предводи Благоја Милевски нема пораз на 13 натпревари во низа. Фудбалските херои кои го изборија историскиот пласман на Европското првенство во Полска немаат пораз од 11. јуни 2015 година кога во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2017 загубија на гостувањето во Исланд. Португалија која играше финале на последното Европско првенство, исто така има двоцифрен број натпревари без пораз. Нашите противници во Б групата од ЕУРО 2017 немаат пораз на последните 19 натпревари.
Под водство на Благоја Милевски селекцијата на Македонија има само еден пораз на 17 натпревари. Победата на последниот меч против Бугарија беше вкупно 11-та за нашата репрезентација под водство на Милевски.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО