Фудбал
2. September 2016 - 23:05

У-21: Македонија херојски ја совлада Шкотска

Драма, неизвесност, исклучување, повреди и на крајот сепак херојска победа на младата фудбалска репрезентација на тешкото гостување во Шкотска. Победа од 1-0 со голот на Кире Маркоски во 18. минута. 

Со овие три бода Македонија има вкупно 15 колку што има и Исланд кој славеше минимално со 1-0 во С. Ирска. 
 
Доколку нашата репрезентација оствари уште две победи до крајот на квалификациите против С. Ирска и Шкотска во Скопје тогаш е со реални шанси да го освои првото место во групата или пак да игра во баражот како една од подобрите второпласирани селекции. 
 
Вечерва Исланд славеше со 1-0 на гостувањето кај С. Ирска додека мечот Украина - Франција е во тек.