Фудбал
11. September 2018 - 19:02

У-21: И два гола предност не гарантираат победа!

Младата фудбалска репрезентација за само 2 минути испушти победа во квалификацискиот дуел за ЕП со Ерменија кој се одигра попладнево во Скопје со резултат 3-3.
Ибраниците на селекторот Илиевски имаа водство од 3-1 до 89м но дозволија гостите набрзина да постигнат два гола и да се радуваат на бод во дуелот со Македонија.
Нашата репрезентација поведе со прекрасниот погодок на капитенот Јани Атанасов од слободен удар. Гостите израмнија од пенал преку Аветисјан во 56м но ние правиме ново водство исто така од пенал, стрелец Здравковски.
На 3-1 зголеми нововлезениот Чурлинов и кога сите веќе ја славеа победата гостите со автоголот на Амановиќ и вториот погодок на Аветисјан го избегнаа поразот со конечен резултат 3-3.