Кошарка
22. July 2018 - 19:04

У-20: Пораз за крај на шампионатот во Софија

Избраниците на селекторот Василев денеска се поразени во директниот дуел за 11.место од селекцијата на Белорусија со 83-73 со што испуштија можност да бидат за две места подобропласирани од минатата година кога беа 13-ти.
Нашите надежи одиграа одлично прво полувреме против селекцијата која ја совладавме во претходните натпревари и првите дваесет минути ги завршивме со предност од 41-35 благодарение на одличната серија од 10-0 во втората четвртина. 
Катастрофата за нашиот тим дојде во последната четвртина кога Белорусија набрзина направи двоцифрена предност која на крајот значеше и убедлива победа за нив и освојување на 11. Место. 
Михајловски со 20 и Мамузиќ со 14 поени беа најефикасни во нашиот тим кој го заврши шампионатот со три победи и четири победи што беше доволно да се освои само 12. Место.