Фудбал
14. August 2015 - 8:58

У-19: Убедлив реванш против Словенија

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше минимална победа од 2:0 против селекцијата на Словенија. На стадионот во Словенска Бистрица, головите за победа на нашата млада селекција ги постигнаа Кочовски во 40 минута и Христов во 90 минута.
Селекцијата предводена од Горан Станиќ одлично го започна овој дуел, со иницијатива од самиот почеток. Нашата репрезентација создаде неколку убави шанси за гол. Водечкиот погодок на оваа средба беше дело на Валентин Кочовски во 40 минута. Во вториот дел продолживме со добрата игра, пропуштивме неколку изгледни шанси за зголемување на предноста преку Петар Петковски и Шаип Тела. Одличната игра Македонија ја круниса со уште еден гол во мрежата на нашиот противник. Стрелец на погодокот за конечни 2:0 беше Мартин Христов во 90 минута.
 
„ Одигравме далеку подобар и поквалитетен контролен натпревар од првиот. Честитки до моите фудбалери кои покажаа одличен карактер и одговорија на вистински начин по убедливиот пораз дожиеван на првиот натпревар. Докажаа дека располагаат со одличен квалитет, меѓутоа простор за напредок секогаш има, сеуште треба да корегираме некој сегменти од играта. На добар пат сме да формираме силна селекција за претстојниот квалификациски циклус во Октомври годинава", изјави Горан Станиќ.
 
МАКЕДОНИЈА: Боби Целески (Македонија Ѓ.П), Слободан Боцевски (Работнички), Нехар Садиќи (Еуромилк), Дин Аломеровиќ, Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П), Стефан Лазаревиќ (Македонија Ѓ.П), Емил Абаз (Андерлехт), Кочовски Валентин (Хоризонт Турново), Матеј Цветановски (Македонија Ѓ.П), Петар Петковски (Вардар), Тела Шаип (Ксамакс);
 
СЛОВЕНИЈА: Лука Јанзековиќ, Марко Клеменчиќ, Давид Шкрбек, Ахец Тилен, Ивкиќ Доминик, Јан Репаш, Омеровиќ Семин, Шпорн Јон, Давид Тијаниќ, Жан Флиш, Мартин Крамариќ.