Loading Video...
Фудбал
6. September 2018 - 19:36

У-19: Кадетите подобри од домашната Летонија

Убав старт на македонската фудбалска репрезентација на Македонија на купот на конфедерациите во  Летонија.

Нашите млади фудбалери ја изненадија домашната селекција на Летонија совладувајќи ја со 2-1  со што најавија успешно претставување на меѓународната сцена.

Централна фигура  на овој меч беше фудбалерот на велешки Борец  Бојан Колевски кој беше стрелец во 57-та и 75 минута за водство на нашата репрезентација од 2-0. 

Домаќинот го ублажи поразот со погодокот на  Озолинс во 80тата минута.

Веќе в сабота  избраниците на селекторот Горан Станковски во Рига ќе играат против соодветната селекција на Украина.