Loading Video...
Ракомет
14. August 2018 - 19:37

У-18: Падна и Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години забележа нова победа на ЕП од Б дивизијата во Грузија.

            Избраниците на Данило Брестовац овојпат го совладаа фаворитот во групата  Швајцарија со 32-31 со што како првопласирани од групата ќе играат во полуфиналето.

            Македонија играше добро од самиот почеток и постојано беше во водство во еден момент дури и со 5 голови разлика но по неколкуте грешки во вториот дел  Швајцарија направи пресврт и поведе со 23-21.

            Сепак нашата репрезентација и денеска покажа карактер и не потклекна пред противникот.  Со добра тимска игра надежите предводени од расположениот Мартин Серафимов кој постигна 10 погодоци обезбедија значајно водство во финишот од 32-30 што беше недостижно за противникот.

Вејн Руни уште еднаш  ја потврди својата висока класа и покажа како треба да се игра за клубот чии бои се бранат.

            На мечот од американската професионална лига некогашната ѕвезда на англискиот фудбал  претрча половина терен за да спаси удар кон празниот гол а потоа со прекрасна асистенција овозможи победа на Ди Си Јунајтед против Орландо Сити од 3-2.  Руни не постигна погодок но имаше две асистенции.