Фудбал
23. October 2018 - 17:44

У-17: Водство па пораз од Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години во натпревар со две различни полувремиња загуби попладнево на терените на ФФМ од соодветната селекција на Израел со 4-1 во рамките на претквалификациите за следното ЕП.
Македонија поведе со голот на Фета во 33м и со тоа го реши првиот дел во своја корист.
Во второто полувреме пресврт, го најави  Харуш а водството за Израел го обезбеди Ескас. Тал Торгеман зголеми на 3-1 а конечните 4-1 ги постави истиот играч со најубавиот погодок на мечот.
Македонија има два порази во групата со што ги загуби шансите за пласман во елитната фаза.