Loading Video...
Фудбал
27. March 2018 - 18:19

У-17: Убедлив пораз од Грузија на младите македонски фудбалери

Кадетската фудбалска селекција на Македонија до 17 години со убедлив пораз го заврши својот настап на квалификацискиот турнир во Полска. 
 
Откако загубија од Ирска и Полска, денеска нашите млади фудбалери претрпе убедлив пораз и од Грусија со 6-1, па без освоен бод на крајот се рангирани како последно пласирана селекција во групата три. 
 
Во директниот дуел за првото место и пласман на Европското првенство, Ирска со 1-0 го совлада домаќинот Полска.