Македонија
30. March 2016 - 16:07

„Тврдина“ - нов случај за кој Специјалното јавно обвинителство отвори истражна постапка

Уништувањето на опрема вредна 1 денар која претставува  обична тенекија  беше повод за покренување на истрагата на Специјалното јавно обвинителство водена под името „Тврдина“. Обвинителите на Катица Јанева сомничат пет лица меѓу кои првиот човек на петтата управа, двајца началници, екс министерката за внатрешни и една вработена во УБК.

Специјалното обвинителство ги товари  за наводно незаконско уништување на опрема во МВР која би била потенцијален доказ во постапка иако пред опремата да биде уништена сите податоци од софтверот со наредба биле снимени на хард диск. Оваа постапка за заштита на сите податоци од системот на УБК била спроведена од началникот Сашо Трајковски кој и со допис известил дека сите податоци се зачувани. Меморискиот уред подоцна на барање на Специјалното обвинителство е доставен до Катица Јанева што е потврда дека не биле уништени податоци туку безвреден лим.

Трајковски бил и претстедател на Комисијата која предложила уништување на безвредната опрема. Но за него Јанева не отвори кривична постапка туку според последните информации тој неодамна бил и унапреден од техничкиот министер на СДСМ.

И сметководствените и други документи покажуваат дека опремата била проценета на вредност од 1 денар а првичното барање за нејзино уништувбање поради нефункционалност било поднесено од лице од тимот на Зоран Верушевски.

Според информациите на Сител, Ѕвонко Костовски кој веќе призна дека ја злоупотребувал опремата на УБК по налог на Верушевски уште во 2013та испратил допис во кој дал проценка дека постојната опрема е нефункционална.

„Во поглед на следење на комуникациите од областа на фиксната телефонија, поради промена во мрежата за фиксна телефонија кај Македонски Телеком со воведување VoIP технологија, се јавува суштинска разлика во однос на комутацијата на говорот, а со тоа суштински е изменет начинот на пристап до опремата на Македонски Телеком. Ваквиот начин на пристап во моментот не е поддржан од постоечкиот технички систем, па од тие причини повеќе не постои можност за следење на комуникациите кај фиксната телефонија. Со постоечкиот систем воопшто не се опфатени другите телекомуникациски оператори кои нудат услуги од областа на фиксната телефонија“, стои во дописот на Костовски со кој тој информира дека опремата е застарена и е потребна набавка на нова.

Завршниот извештај  со кој се утврдува дека уништената опрема сметководствено вреди 1 денар го потпишал токму актуелниот министерз а внатрешни работи Оливер Спасовки од СДСМ. Специјалното обвинителство денеска најпрво тврдеше дека опремата била вредна и била нанесена штета на буџетот за потоа да тврди дека не знае која е сметководствената вредност и кој го потпишал тој документ.

Од синоќа обвинителите на Катица Јанева спроведуваа холивудско сценарио со наводна потрага по прво осомниочениот директор на петтата управа во МВР. Во медиумите блиски до СДСМ и СОРОС тврдеа дека тој е недостапен и поради тоа бараат мерка притвор. Осомничениот пак од утринава по написите во медиумите сам се јавил во Кривичниот суд за да даде исказ по обвинувањата. Специјалното обвинителство призна дека не била испратена покана до него и тврдеше дека не знаат дека осомничениот е достапен и е во судот.

Синоќешните барања на Катица Јанева за претрес и притвор за првоосомничениот беа оценети како неосновани и од судијата на претходна постапка. Во соопштение судот информираше дека Специјалното обвинителство не аргументирало какви предмети би барало во домот на осомничениот со што тие не докажале надлежностз а оваа постапка. Судот оценил дека пред одредување на мерка за обезбедување треба да се упати покана за јавување на лицето пред судот.

Искусните правници коментираат дека и во овој сдлучај обвинителството на Катица Јанева постапувало надвор од законите а во нејзините предмети и постапка препознаваат политичка обоеност од која единствемна корист има СДСМ и Зоран Заев.

За потсетување,  првиот чекор на  Катица Јанева и нејзиното обвинитѕелств о беше барањето за ослободување од притвор на првоосомничениот за незаконско прислушување во Пуч, Зоран Верушевски, а Јанева оцени и дека свадбата на нејзината ќерка е позначајна од утврдувањето на вистината за тоа кој прислушувал. Обвинет во овој предмет кој Јанева го кочи пред надлежниот суд е лидерот на СДСМ Зоран Заев.