„Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“
Црни вреќи полни со хартија и регистри од третата зграда во МВР биле запалени на локацијата „Брест“ која се наоѓа на аеродромот Скопје во воениот дел. Ова денеска на рочиштето за „Тврдина 2“ на СЈО го истакна сведокот Мирче Мицевски, вработен во МВР, кој по наредба на неговиот претпоставен Никола Бошковски, со уште еден колега наполнил цело комбе рено трафик со материјали од подрумот на оперативна техника во МВР.
-Во базата Брест не пречека Ванчо Цветановски кој веќе имаше обезбедено место за палење, оградено со камења, а имаше и ПП апарати, рече Мицевски и додаде дека со нив биле и три жени од „Комисијата“ Александра, Маја и Вале. На прашање на бранителот на Грујоски, адвокатот Петар Василевски, сведокот рече дека не знае што е содржината на тоа што е запалено, но дека е сигурен дека биле хартија и регистри.
Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.
На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица