Живот
9. March 2018 - 16:43

Тврди дека е омажена за Пират кој умрел пред 300 години: Британка опишува како живее со духот поради кого го оставила својот вереник

Врските на далечина обично се тешки, но не можете да замислете со какви проблеми се соочува една Британка која тврди дека е во брак со пират кој умрел пред 300 години. 
 
Аманда Тиг тврди не само што се заљубила и се омажила за „ својата сродна душа“ - гусарот Џек, туку и дека со него имала редовен и здрав сексуален живот,  еднаш дури и помислила дека е бремена. 
Но тоа не е крај,  45-годишната Аманда од Даблин зборува со духот на својот маж гусар и понекогаш оди на двоен состанок бидејќи нејзината најдобра пријателка се забавува со најдобриот пријател на Џек. 
 
- Да изгледа чудно, но кога излегуваме оставаме две празни места за нив двајца. И, им нарачуваме пијалок. Џек сака рум, а Метју пиво, раскажала Аманда. 
 
И како вели, како и секој друг пар, кога ќе се најде со својот маж, понекогаш дури и се расправа,  а некогаш ќе завршува со секс. 
 
За својот маж вели дека е со долга коса кој настрадал во 1700 година на бродот во близина на брегот на Ирска. Поради него таа го оставила човекот со кого била во вистинска врска. 
 
Се верува дека до неговиот дух дошла кога работела како имитатор на капетанот Џек Спероу од Пиратите на Карибите. До тогаш не верувала во спиритуалната врска и вистина дека е разведена и дека со поранешниот маж има 5 деца.
 
Се започнало во 2015 година кога уморна лежела во креветот и почуствувала некое чудно присуство. Кога сфатила, како што вели, дека може да комуницира со таа енергија, почнала да се заинтересира. Врската се продлабочува поготово  во моментите кога „ седи покрај неа или додека вози автомобил.
 
Бидејќи, како што вели, никогаш немала спиритауално момче, почнала да пребарува по Интернет за тоа. Тогаш сфатила дека таа не е единствена и дека таква појава не е ретка.