Живот
7. March 2018 - 9:01

Творецот на комунизмот се врати во родното место: Кинезите му подарија статуа на Карл Маркс на Трир

Кина подари голема бронзена скулптура од Карл Маркс на германскиот град Трир, каде што е роден познатиот германски филозоф и економист.

Скулпурата, изработена од кинескиот уметник Вајшан Вуа, висока 4,4 метри и го прикажува Маркс како чекори, ќе биде откриена во мај, по повод 200-годишнината од неговото раѓање.

Маркс, познат по критиките за капитализмот, е роден 1818 година во Трир, каде што ги помина првите 17 години од својот живот.