Џет-Сет
18. November 2017 - 18:27

Твоето лице звучи познато: Едита се молеше, Лека врескаше!

Учесниците на шоуто „Твоето лице звучи познато“ добија задачи да ги имитираат натпреварувачите од Евровизија, а сите ги изненади Едита Арадиновиќ, која одлично ја симна Марија Шерифовиќ, како и Бранислав Лечиќ, кој се снајде во улогата на Лорди.

„Министерката“ и гласовно и визуелно неодоливо потсетува на победничката на Евросонг 2008. Во црно сако, со кратка коас и наочар за вид идентични на оние на Марија Шерифовиќ, не сме сигурни дали пее оригиналот или копија. Кога ја испеа „молитва“ со поддршка на Бјути Квинс, сите станаа и аплаудираа.

Лека оваа недела се маскираше во чудовиште. Актерот ја имитираше финската хард рок група, позната по застрашувачките сценски маски, која победи на Евросонг во 2007 година. Иако вокалните способности не му се најдобри, посебно што пејачот на бендот Мистер Лорд има специфичен глас, актерот од петни жили се обидува да го отпее што поверодостојно хитот „Hard rock Halleluja“. Во тоа и успеа, судејќи по воодушевувањето на жирито. Од друга страна, Лека ги исплаши сите во студиото, посебно водителката Нина Сеничар, која вресна кога го виде.

Ништо помалку интересни не беа Стеван Анѓелковиќ, овој пат во улога на Жељко Јоксимовиќ, и Леон која го симна босанскиот претставник Лака, додека Драгана Миќаловиќ беше одлучна како Руслана.

Шоуто ТЛЗП може да го гледате утре на Сител со почеток во 21 часот.

Големо внимание привлече Мира Шкориќ која се снајде во улогата на Марко Кон. Со виткана коса, брада и аутфит идентичен на оној на Марко, наиде на овации на публиката, а посебно изненадување беше специјалниот гостин, токму Кон која позираше со Мира. Фолкерката го отпеа неговиот евровизиски хит „Ципела“.