ТВОЕТО ЛИЦЕ ЗВУЧИ ПОЗНАТО

Loading Video...

Секоја недела во 21 часот на ТВ Сител ќе се емитува "All star" сезоната на популарното шоу ТЛЗП во која ќе учествуваат сите натпреварувачи што ги одбележаа претходните четири сезони.

Ана Кокиќ, Едита Арадиновиќ, Ивана Петерс, Катарина Богиќевиќ, Драган Којиќ Кеба, Ненад Пагонис, Ненад Кнежевиќ Кнез, Жељко Шашиќ, Алекса Јелиќ, Даниел Кајмаковски ќе покажат како се снаоѓаат со новите предизвици, во кожата на домашните и странските музички ѕвезди.

Нивните настапи и во музичка и во сценска смисла како и секоја година ќе ги коментира и оценува постојано тричлено жири и во секоја епизода ќе им се придружи и гостувачки член.

Во жирито годинава ќе биде српската актерка Дубравка Мијатовиќ која е задолжена за оценување на имитицијата, вокалните способности ќе ги оценува Душан Алагиќ, а мултимидијалниот уметник Урош Ѓуриќ секој настап ќе го коментира од различни аспекти.

Годинава наградата е 25.000 евра, а натпреварувачот со најмногу бодови ќе ја врачи на лице или институција на која парите и се најпотребни.

Водителка на овој спектакл е шармантната Марија Килибарда која одамна е заштитно лице на ова шоу.