Балкан
10. September 2018 - 12:58

Твитот на Руската амбасада се однесувал на Мета, а не на Столтенберг, Меркел, Курц, Аселборн и Џонсон

 МИА ја повлекува веста „Руската амбасада со реакција на Твитер за посетите на странски лидери на Македонија“.

Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесува на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за““, објавена на 28 август, а не на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцералите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон