Свет
3. March 2020 - 13:49

„Твитер“ апелира неговите вработени да работат од дома

Компанијата Твитер побара од своите вработени во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја да работат од дома, за да се спречи ширење на новиот коронавирус.

Од компанијата наведуваат дека „силно охрабруваат“ и вработени во светот, околу 5.000, да работат од дома.

Шефицата за човечки ресурси во Твитер, Џенифер Кристи изјави дека цел на компанијата е да се намали можноста за ширење на вирусот, „како за нив така и за цел свет“.