Македонија
19. December 2017 - 8:54

Твининг проект за зајакнување на капацитетите на Царинската управа

Твининг проект за зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа на Македонија ќе биде промовиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје. 

Проектот ќе биде спроведен од Агенцијата за европска интеграција и економски развој и Царинската управа при Министерството за финансии на Литванија, во соработка со македонската Царинска управа.

Со проектот треба дополнително да се зајакнат административните капацитети на Царинската управа за спроведување на законодавството на ЕУ и реформи за исполнување на барањата на унијата во областа на царината, како и да се придонесе за приближување на државава до пазарот на ЕУ и Царинската унија.

На промоцијата се најавени обраќања на австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и на  раководителот на секторот во Делегацијата на ЕУ Јаромир Левичек.