Твининг проект за јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти
Со твининг проект во вредност од 600.000 евра обезбедени од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош, во наредните 18 месеци ќе се работи на јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со барањата што произлегуваат од националното законодавство и Директивата за пошти на Европската унија.
На отворањето на проектот се најавени обраќања на Фрек Јанмаат, шеф на секторот за економски работи, зајакнување на институциите и меѓугранична соработка од Делегацијата на ЕУ, Зоран Маневски, државен секретар од Министерството за транспорт и врски, Џорди Љоренс, заменик шеф на мисија во Шпанската амбасада Сонсолес Мориес Алварез, шеф на Одделот за животна средина и економски развој на Меѓународната Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики (FIIAPP) од Шпанија.
Главна институција корисник е Агенцијата за пошти, а партнери од земјата-членка на ЕУ се Министерството за јавни работи на Шпанија, преку Министерското одделение за транспорт и јавни работи и Фондацијата Интернационал и Меѓународната Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики (FIIAPP) од Шпанија, како управувачка единица на проектот.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот