Македонија
20. March 2016 - 20:21

ТВ Нова: Космос не бил единствената дивоградба на Цаноски

Космос не била единстевната дивоградба на Цановски, пренесува  телевизијата ТВ Нова. Според податоците до кои дојде телевизијата  фирмата на Фиат во 2011 поднела барање за легализирање на 1151 метри квадратни доградба на објектот ФОН за чие легализирање постапката е се уште во тек.
 
Според писмениот допис од Општина Гази Баба кој го пренесе телевизијата, фирмата на Цановски во моментов нема имотен лист со целокупната изградена површина на објектот.
 
Писмена информација: До Општина Гази Баба од трговско друштво ФИНЕ ДОО Скопје, поднесено е барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 25.07.2011 година, кој се наоѓа на бул. Војводина бб. Скопје, на кп бр. 1317/6 во Гази Баба потенцирано како доградба на објект.Од поднесениот геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, кој е во склоп на барањето за легализација, е утврдено дека барателот пријавил 1151м2 нелегална градба со намена в1-образование и наука. 
 
Од увидот на лице место, од страна на комисијата за увид е констатирана зголемена изградена површина од 1151м2. Во делот од објектот познат во јавноста како Универзитет ФОН, поточно во делот од објектот каде има впишано објект во имотен лист, има уште 1151м2 нелегална градба. Според тоа ТД ФИНЕ ДОО Скопје, во моментов, нема имотен лист со целокупната изградена површина на објектот, се вели во писмениот одговор од Општина Гази Баба, пренесува ТВ Нова.
 
Цановски пак за телевизијата  изјавил дека неговата фирма не поседува дивоградба и дека нема поднесено барање за легализација на други нелегални објекти.
 
- Не, немам поднесено барање. Можеби имам таму кај што имам на физичко лице објекти, ама тоа се мали објекти од 200-300 квадрати коишто сум ги купил од други фирми, така да тоа е многу мала ситница, вели Цановски за ТВ Нова.
Фиат Цановски повторно стана актуелен деновиве откако неформално излегоа информации дека Катица Јанева врз основа на прислушуваните разговори на Заев ќе процесуирала и предмет поврзан со уривањето на дивоизградениот Космос. Општина Гази Баба и надлежните објаснија дека станувало збор за чист случај со документирани отстапувања. Нивниот став беше доколку Јанева работи согласно законот би требало да поднесе пријава токму против инвеститорот Фиат Цановски, јавува ТВ Нова.
 
Објектот на Универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003 тата година, но според информациите од Општина Гази Баба, сопствениците се уште немаат целосна документација, пренесува ТВ Нова.