Тужба против актерот Џим Кери поради смртта на поранешната девојка
Холивудскиот актер, Џим Кери е обвинет поради наводно набавување дрога под лажно име за неговата поранешна девојка Кетриона Вајт, кој почина од предозираност минатата година.
Марк Бартон, сопруг на поранешната партнерка на Кери, рече дека актерот го користел неговото големо богатство и статус на позната личност за илегално земање лекови на рецепт. Кери тогаш, наводно се обидел да ја скрие неговата вклученост.
Кетриона Вајт имаше 30 години кога беше пронајдена мртва како последица на предозирање на лекови..
Во моментот на смртта на Вајт, постоеја гласини дека таа била во непостојана врска со Кери и дека двојката повторно прекинала неколку денови пред нејзината смрт.
Според судската тужба поднесена во вишиот суд во Лос Анџелес, Кери дрогата ја набавувал под псевдонимот „Артур Кинг“. Потоа презел чекори за да ја прикрие и маскира неговата вмешаност и одговорност.
Бартон исто така, тврди дека Кери на Вајт и испратил „лажна порака“ еден ден откако нејзиното тело било пронајдено, а со цел да го прикрие неговото однесување и одговорност за нејзината смрт. Во пораката наводно се интересирал каде се наоѓа дрогата.
Бартон, освен тоа, тврди дека Кери ја „контролирал и манипулирал“ Вајт и дека по пат на надзорните камери во нејзиниот дом ги надгледувал нејзините движења.
Во рамки на тужбата се бара неодредена отшета и надомест за трошоците за погреб и адвокат.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“