-->
-->
Тутунот во Велешко се откупува на шест пункта
-->
Вкупно 1.327 тони квалитетен тутун главно од сортата „прилеп“, а во помал дел и од сортите „јака“ и „пасман“, се очекува да бидат откупени во Велешко.
Преземање на количините вршат „Соко Таб“, „Алијанса“ од Кавадарци и „Центро Табак“, на шест пункта: во селата Иванковци, Бузалково, Горно Оризари, Чашка, Градско и Лозово, кои се најголеми производители.
- Тутунот годинава е со добар квалитет. Склучени се договори со 1.387 земјоделци за производство на 684 хектари, информира Вили Бочваров од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Лани биле склучени помалку договори, 1.035. На поголема површина, 720 хектари, биле произведени нешто помалку или 1.309 тони на тутун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето