Бизнис
22. July 2019 - 16:25

Тутунот изумира во Македонија, нема кој да го одгледува и сериозен удар добива од шверцот

Наскоро нема да има тутун на македонските ниви. Со производство се занимаваат само постари лица, младите или си заминаа или не сакааат да ја работат оваа работа. Тутунопроизводителите бараат државата да помогне да се смени производството, да почне да се произведува широколисен тутун. Тој во земјава не е забранет, но компаниите не склучуваат договори за откуп. Производтсвто на ваков тутун е многу полесно.

Дополнителен проблем за тутунарите претвавува нелегалното производствто на тутун и цигари. Појавата е особено застапена во скопскиот регион, но штетите ќе се почувствуваат на целата територија на државата и загрозени ќе бидат околу 20.000 домаќинсктва кои живеат од тутунопроизводство.

Тутунарите велат дека во послендите години цената на тутунот оди нагоре и не можат да бидат незадоволни. Просечната цена во земјава изнасува над 3 евра и е речиси за евро повисока од просекот во ЕУ. И Субвенциите од 60 до 80 денари за килограм се меѓу повисоките во Европа.