Македонија
26. January 2020 - 20:41

Тутуно производителите да не прават вештачко навлажнување на тутунот со цел да го предадат на откупните организации

Тутуно производителите да не прават вештачко навлажнување на тутунот со цел да го предадат на откупните организации, апелираат од здружението Басмак од Василево. Од таму велат,  до крајниот законски рок за откуп на тутун има повеќе од еден месец, доволно време за преостанатите количини на производството да ја добијат потребната влажност по природен пат. Од Басмак додаваат дека нема потреба од брзање, во спротивно губеле  производителите кои поради неприродното навлажнување на тутунот при самата проценка добивале  пониски класи, а со тоа и пониска цена.

,, Да не брзат бидејќи имаме време уште да се откупува цел февруари. Значи ќе дојдат по меки времиња кога природно ќе се навлажни тутунот. Да не пробуваат производителите да го влажнат на вештачки начин бидејќи тоа се приметува и при самиот откуп. Се забележува дека е на вештачки начин и самите откупувачи се заштитуваат себе, го откупуваат по пониска класа бидејќи има преработка, го сушат, го преработуваат, тоа се наплатува. Место да му биде проценето втора или прва тие фактички му одбиваат на килажата и самата цена доаѓа една класа пониска.,, вели МАРЈАН ТРАЈКОВ – ЗДРЖЕНИЕ НА ТУТУНО ПРОИЗВОДИТЕЛИ ,, БАСМАК,,

Во моментов на ниво на држава откупени се близу 90 % од вкупното производство со просечна цена од 225 денари по килограм. Според податоците на здруженијата кои ги застапуваат тутуно производителите  преостанатите  10 проценти  кои биле пред се од горните, најквалитетни берби,  тежеле  околу 4 милиони килограми.