Бизнис
24. December 2020 - 19:52

Тутунарите на средба со Заев

Просечната откупна цена на тутунот да не биде пониска од 180 денари за килограм. Вакво ветување добиле тутунарите од премиерот Заев на денешната средба во Владата која траеше повеќе од 3 часа. По  Нова Година пак ќе има нова средба на која ќе се разговара за укинување на четвртата класа.

Претходно од ВМРО – ДПМНЕ ја обвинија власта дека нема решение за откупната цена на тутунот поради бизнис интереси на семејството Заеви. Од партијата тврдат дека цената на тутунот е намалена затоа што државата дозволила да се прави увоз. 

Во моментов откупната просечна цена на тутунот изнесува 170 денари за килограм.Откупени се 10 проценти од овогодинешната реколта. Лани пак во овој пeриод биле откупени речиси половина од реколтата. Поради ниската откупна цена тутунарите во изминатиот период постојано излегуваа на протест.