Бизнис
20. November 2017 - 22:45

Тутунарите бараат повисока откупна цена

Тутунопроизводителите бараат повисоки откупни цени.  Според нив производството на тутун последните години станува се понеисплатливо, а главна причина биле ниските откупни цени со кои се потешко се покриваат основните производствени трошоци. Велат резултат на ваквата состојба биле и намалените  површини кои годинава беа засадени со тутун. Од здружението на тутунопроизводители Басмак велат дека најдобро решение ќе било зголемувањето на цените по класи.

,, Самите земјоделци тутунари сакаат да биде покачена цената на сите три класи кои што се повеќе застапени, прва, втора  и трета. Тие сметаат, а и ние самите здруженија веќе неколку години бараме од фирмите да го покачат тутунот ако сакаат да останат на нашето тло, да има производство на тутун повеќе. Сегашната цена на прва класа која што е застапена со едно 10 до 15% во самото производство е 280 денари, значи да биде 380 денари, втора која сега е 190 денари да биде 260 до 280 денари и трета да биде едно двеста денари. Тука веќе ќе има некоја калкулација.,, вели Марјанчо  Трајков – здржение на тутунопроизводители Басмак од Василево

На територијата на цела држава годинава со тутун биле засадени 14 150 хектари. За производството на овие површини тутунопроизводителите со откупните организации направиле 28.000 договори. Според проценките на тутунопроизводителите поради намлените површини, но и неповолните временски услови наместо очекуваните 26 милиони килограми сезонава ќе бидат собрани околу 21 милион килограми суров тутун.