Македонија
9. October 2016 - 12:13

Тутори од 18 општини на тренинг за проектот „Туторска поддршка на учениците Роми“

Стотина тутори од 18 општини од државава опфатени преку проектот „Туторска поддршка на учениците Роми“ кои учат од основното образование, учествуваа на вториот тренинг за јакнење на капацитетите, вештините и знењата на туторите што се одржува викендов во Берово.

Проектот се реализира во соработка на Ромскиот ресурсен центар, НВО Сонце од Тетово и РЕФ од Будимпешта.
 
Фатуш Усеинова, координатор на проектот од НВО Ромски ресурсен центар, истакна дека проектот подразбира јакнење на капацитетите на туторите кои треба понатаму во образовниот проецс да им помагаат на децата Роми кои покажуваат слаби резултати по предметите македонски јазик и математика во 4, 5, 6 одделение од основното образование.
 
- Лани имавме вклучено 1600 ученици, а годинава ќе бидат опфатени 1700 ученици. Од постигнатите резултати можеме да кажеме дека имаме успеси ,односно  од 50 до 60 проценти од учениците ги зголемиле своите знаења, ја зголемиле редовноста, мотивираност за постигнување на резултати, рече Усеинова.
 
Инаку, проектот за туторска поддршка на учениците Роми започна да се реализира пред 7 години во три општини во Западна Македонија, но од лани има системска поддршка, потенцираше Сенад Мустафов, национален фасцилитатор  од Римски образоавен форум од Будимпешта.
 
- Во Република Македонија овој проект е поддржан од РЕФ Будимпешта и почна во три општини во Западна Макеонија пред 7  години, а сега е проширен во 18. Нашата интенција не е само да имаме проекти туку да имаме системски решенија, па така овој проект од претходната година е и финансиски поддржан од МОН, истакна Мустафов.
 
Тој додаде дека од РЕФ се задоволни од вклученоста на институциите во овласта на подобрување на образованието кај Ромите.
 
- Ние сме задоволни бидејќи од 2005 година со Декадата на Ромите, почнаа иснтитуциите да се вклучуваат и со финансиски средства ги отворија вратите за образоанието на Ромите. Во овој проект растат знаењата на ученици и нивната редовност, со стипендиите за средно имаме голем резултат,  96 проценти е проодноста на учениците во повисоките класови на оние кои се стипендираат. Кај стидентите, на пример, во 1994 година пред да почне стипендирањето на студентите имавме само 9 студенти Роми, а во моментов се 320 студенти, од кои од 1994 до сега 160 се дипломирани, рече Мустафов.