Свет
20. July 2016 - 8:58

Туск со порака до Меј: Потребен е „кадифен развод“ меѓу Велика Британија и ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и порача вчера на британската премиерка Тереза Меј дека се надева дека по Брегзитот ќе дојде до „кадифен развод“ меѓу Велика Британија и Европската унија. 

- Денеска и кажав на премиерката Тереза Меј дека ни е потребен уреден, мирен Брегзит, нешто како „кадифен развод“, напиша Туск на неговиот Твитер профил. 

Туск претходно телефонсју разговараше со британската премиерка.