Македонија
25. January 2019 - 14:51

Туск со честитка на македонски јазик за ратификацијата на Преспанскиот договор

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск го честиташе усвојувањето на Преспанскиот Договор на македонски јазик на Твитер.

-Тие имаа имагинација, тие го презедоа ризикот, тие беа подготвени да ги жртвуваат сопствените интереси за општото добро. Зоран, Алексис – Браво! Невозможната мисија се исполни.