Туск: Не преговарам за брегзит без договор
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави денеска дека нема да соработува со Велика Британија за напуштање на Европската унија без договор, додавајќи дека се надева оти британскиот премиер Борис Џонсон не сака историјата да го запамети со прекарот „господин Без Договор“.
Туск во Биариц истакна дека е подготвен да ги слушне идеите на Џонсон за да се избегне Брегзит без договор:
„Една работа за која нема да соработувам е излегување без договор. Се’ уште се надевам дека премиерот Џонсон не сака историјата да го запомни како господин Без Договор. Ние сме подготвени да слушнеме идеи што се реални и прифатливи за сите земји-членки, вклучително и Република Ирска, ако и кога владата на Велика Британија е подготвена да ги предложи“.
Брегзит ќе биде и една од темите за кои дискутираат лидерите на самитот на Г7 и на кој ќе присуствува Туск.
Ново на Сител
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025