Туск: Има 30 отсто шанси да не се случи Брегзит
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во интервју за полските медиуми, оцени дека има 30 отсто шанси Велика Британија да не ја напушти Европската Унија.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, ваквиот став Туск го изнесе одговарајќи на прашање дали втор референдум за Брегзит би можел да има поинакви резултати од претходниот.
Туск смета дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон направил погрешна политичка калкулација со организирањето на референдумот за Брегзит во 2016 година, и дека доколку денес се свика ново гласање за британското истапување од ЕУ, резултатот би бил различен бидејќи се научени лекциите од тоа што значи напуштањето на Унијата.
– Немаше вистинска дебата за последиците од Брегзит за време на референдумската кампања, туку само по гласањето. Денес резултатите веројатно би биле различни, смета Туск.
Според него, иако референдумот за истапување на Велика Британија од ЕУ се случил во најлош можен момент, парадоксално е што тој исто така пробудил големо проевропско движење.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација