Туск: ЕУ мора да биде подготвена на сите сценарија во преговорите за Брегзит
Европската унија треба да биде подготвенa за секакoв развој на преговорите за заминувањето на Велика Британија - за постигнување договор, за недостиг на договор или за неуспех на заминувањето.
Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред Европскиот парламент.
- Без разлика на тоа што ќе се случи, ние треба да останеме обединети, истакна тој и додаде дека исходот зависи од Лондон.
Туск соопшти дека во февруари следната година ќе свика вонреден Европски совет посветен на следните избори за Европскиот парламент во 2019 година. Според него, најдобро е ако Велика Британија си замине, бројот на европратениците да биде помал од досегашниот. Тој го опиша овој пристап како прагматичен, логичен и очекуван од јавноста.
Претседателот на Европскиот совет изрази очекување до средината на идната година во ЕУ да биде постигната согласност за заедничка одговорност за заштита на надворешните граници, за забрзување на враќањето на незаконски инфилтрираните мигранти, како и за Даблинскиот договор.
Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер изјави дека Комисијата не преговара непријателски со Лондон, и има за цел постигнување на фер договор.
- Не сакаме да не постигнеме договор со Велика Британија, додаде тој.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти