Балкан
27. December 2017 - 21:22

Турското обвинителство ќе бара ослободување на 1.000 неправедно обвинети „ѓуленисти“

Турското Јавно обвинителство најави дека може да побара пуштање од притвор на околу 1.000 луѓе, кои биле погрешно осомничени за поврзаност со минатогодишниот обид за државен удар, кој според Анкара го организирала мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Јавниот обвинител од Анкара Јуксел Коџаман изјави дека организацијата на Ѓулен измамила граѓани да се поврзат на телефонската апликација за шифрирано комуницирање Бајлок, со што се оставил впечаток дека тие недолжни лица се „ѓуленисти“.

Коџаман изјави дека ќе се преиспитаат постапките за 11.480 лица, кои се нашле на удар на Обвинителството затоа што ја користеле апликацијата Бајлок, но не биле поврзани со Ѓулен.