Балкан
18. July 2016 - 23:32

Турското МВР отпушти од работа речиси 9.000 вработени

Турското МВР отпушти речиси 9.000 вработени ширум државата во рамки на истрага по неуспешниот обид за воен пуч, јави Анадолија.

Министерството отпуштило од работа 8.777 вработени меѓу кои 30 полициски геенрали, 52 инспетора и 16 правни советници.

Турски медиуми јавуваат и дека се отпуштени од работа и воени полицајци и припадници на крајбрежна стража.