Балкан
23. March 2018 - 13:27

Турско МНР: Турција преговара со САД за ракетни системи Патриот

Турција преговара со САД за ракетни системи Патриот, а следната недела претставник на турското Министерство за надворешни работи можно е да замине во Вашингтон на разговори со американската страна за Манбиџ, Сирија. Тоа денеска го изјави портпаролот на турското МНР Хами Аксој. 

Според него, Турција продолжува да води преговори и со француско-италијанскиот конзорциум Еуросам за купување на ракетни одбранбени системи. 

Во јануари Турција и претстави на Еуросам 18-месечен договор за развој и производство на ПВО и ПРО системи со широк спектар на дејствување - чекор напред кон соработка во областа на одбраната со Франција и Италија.

Во декември минатата година Турција и Русија потпишаа договор, со кој  Москва се обврза да ја снабди Анкара со ракетни системи земја-воздух С-400, финализирајќи зделка за продлабочување на воените врски меѓу членка на НАТО, Турција и Кремљ.