Свет
3. March 2018 - 13:04

Турските вооружени сили неутрализирале 2.434 терористи во операцијата „Маслиново гранче" во северна Сирија

 Турските вооружени сили неутрализира 2.434 терористи за време на операцијата „Маслиново гранче" во реонот на градот Африн, Северна Сирија, соопшти Генералштабот на турската армија на официјалната страница на Твитер.

Во рамките на операцијата во Африн турските вооружени сили изминатото деноноќие убиле 139 терористи од движењето Сили за заштита на народот, огранок на Курдската работничка партија (ПКК), Партијата на демократскиот сојуз (ПДС) и екстремистичката група Исламска држава.

Од почетокот на операцијата до моментов биле неутрализирани вкупно 2.434 терористи, се вели во соопштението Генералштабот на турската армија. 

Офанзивата на турските вооружени сили „Маслиново гранче" започна на 20 јануари