Балкан
27. October 2016 - 14:58

Турските власти приведоа 45 воени пилоти осомничени дека биле дел од обидот за пуч во јули

Турските власти приведоа 45 пилоти на ВВС под обвинение дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч во јули, а има потерница за уште 28 други пилоти, јави Анадолија.

Барањата за приведување на пилотите се издадени од обвинител во централниот округ Конја.

Турските власти приведоа над 30.000 луѓе и разрешија десетици илјади државни службеници по неуспешмниот пуч. Неколку илјади офицери од армијата беа отстранети од должност вклучително и неколку генерали.

Според турскиот воен аналитичар, Метин Ѓурџан, во државата има во моментот повеќе воени авиони отколку пилоти.