Свет
9. October 2017 - 15:27

Турските власти побараа задружување на уште еден вработен од конзулатот на САД во Истанбул

 Турски власти издадоа наредба за приведување на уште еден вработен од Генералниот конзулат на САД во Истанбул, кој е осомничен за поврзаност со организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен - ФЕТО, што Анкара ја обвинува за минатогодишниот обид за државен удар.

Осомничениот не ја напушта територијата на конзулатот, со цел да избегне приведување од страна на турската полиција, пишува весникот „Сабах“. 

На 4 октомври во Турција беше упасен Метин Топуз, вработен во Генералниот конзулат на САД во Истанбул, кого властите го товарат за „прекршување на Уставот“ и „обид за туркање на Владата на Турција“. 

Мисијата на САД во Турција соопшти дека ја прекинува работата на своите служби за издавање неимигрантски визи во американските дипломатски претставништва во Турција, а како причина е наведено дека Анкара мора да ја „преразгледа“ својата посветеност околу безбедноста на американскиот дипломатски персонал.

Анкара со реципрочни мерки одговори на одлуката на американската мисија во Турција за прекин на работата на службите.

Турција соопшти дека ќе го прекине издавањето неимигрантски визи за Американци, но тие рестрикции ќе бидат построги бидејќи се однесуваат на „визи во пасошите, како и е-визите и оние кои се добиваат на граница“, а не само тие што се издаваат во дипломатските претставништва во САД.

Одлуката за контрамерките ја соопшти амбасадата на Турција во Вашингтон.

Турското Министерство за надворешни работи го повикало заменик-раководителот на Амбасадата на САД во Анкара Филип Коснет, со цел да разговараат за одлуката на САД за стопирање на визните услуги за турските граѓани. 

Министерството, пред него го изразило очекувањето на Турција, САД да се откажат од одлуката за времен прекин на издавањето на сите неимигрантски визи. 

Анонимни извори наведоа, дека на американскиот официјален претставник му било кажано дека преземениот потег предизвикал „непотребни тензии“ и оти треба да биде повлечен.