Балкан
28. March 2017 - 14:07

Турските власти наложија полициски час во округот Дијарбекир

Турските власти денеска наложија полициски час во девет села во округот Дијарбекир, каде што е во тек широкопојасна антитерористичка операција против Курдската работничка партија (ПКК), а меѓу осомничените има и лидери на групацијата, јави агенцијата Анадолија.

Забраната за излез важи за цивилите, кои живеат во селата околу градовите Лиџе и Хани, до втора наредба. Целта на мерките е пред се, безбедноста на животот и имотот на граѓаните.

Се планира да бидат уништени скривалишта и складишта за оружје на бунтовниците.

ПКК, која води вооружена борба против Турската Држава од 1984 година, се смета за терористичка организација од страна на Анкара, ЕУ и САД.