Балкан
24. March 2019 - 14:49

Турските сили во Сирија неутрализирале најмалку 3.000 терористи од ИД

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили во Сирија елиминирале најмалку 3.000 припадници на терористичката група „Исламска држава“.

„Како единствена војска која директно, гради во гради, се бореше против терористите од ИД, турската војска неутрализираше најмалку 3.000 терористи и уништи најмалку 21.000 терористички цели“, се наведува во соопштението од Министертсвото, пренесува Анадолија.

Од Министертсвото истакнаа и дека турските сили во август 2016 година извеле успешна антитерористичка операција „Еуфратски штит“ и со тоа овозможила враќање на 320.000 сириски бегалци.