Џет-Сет
14. August 2018 - 10:44

Турските медиуми ги разоткрија: Се смирија Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал?

Турските медиуми на големо пишуваат за смирувањето на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, како парот неодамна е фатен заедно на јахтата на пејачот. По тој повод, се огласи атрактивната пејачка и ја објаснила ситуацијата.

Имено, фановите се понадеваа дека во прашање е смирување, со оглед на тоа дека ова не би им било прв пат да си ја обноват љубовта. Како што е познато, Емина и Мустафа еднаш раскинаа пред разводот, па се смирија, па за нив ова би била трета среќа.

- Мислам дека овојпат љубовта се изгасна, но никогаш пријателската љубов и љубовта кон нашите деца. Ние сме сега партнери  кои мораат децата да ги изведат на прав пат – рекла Емина за Ексклузивно.

Меѓутоа, постои една работа која медиумите во Турција ја превидоа. Имено, голема е веројатноста дека во прашање било семејно собирање заради прославата на 10 роденден на синот Јаман, кој е роден на 8 август 2008 година.