Турскиот Врховен суд го одби барањето на опозицијата за нерегуларности на референдумот
Врховниот суд на Турција го одби барањето на опозицијата против одлуката на Високата изборна комисија да ги прифати неозначените гласачки ливчиња на референдумот за уставни измени.
Опозициската Републиканска народна партија на Турција повеќе пати ја критикуваше одлуката на изборната комисија да ги прифати гласачките ливчиња во ковертите кои немале печати.
Оваа партија по резултатите од референдумот, кои овозможија проширување на овластувањата на шефот на државата, официјално минатиот петок поднесе петиција пред државниот Совет, кој е нависок административен суд во Турција.
Опозицијата ја оцени одлуката на изборната комисија како „административен“ потег, кој им ја отворил вратата на измамите.
Врховниот суд ја одби одлуката со образложение дека тоа не бил „административен потег“ и дека нема надлежност да одлучува за потезите на изборните власти.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека одлуката која ја донела изборната комисија не може да ја испитува ниту Уставниот суд, ниту државниот Совет.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи