-->
-->
Турскиот суд покрена обвинение против Фетхулах Ѓулен за обид за соборување на Владата
-->
Турскиот суд покрена обвинение со кое се бара одговорност од Фетхулах Ѓулен за обид за соборување на Владата.
Ѓулен е прв осомничен меѓу 69 луѓе за формирање на терористичка група и политичка шпионажа. По истрагата за корупција во 2013 година насочена кон опкружувањето на Реџеп Таип Ердоган, турскиот претседател го обвинува својот поранешен сојузник за обид за преземање на власта преку паралелна структура - поддржувачи во судскиот систем, во полицијата, во медиумите и во државните институции. Ѓулен ги отфрла таквите обвинувања.
Судот издаде нови нареди за апсење на Ѓулен и неговиот помошник Синан Дурсун. Првите судски процеси закажани се во јануари идната година.
Ѓулен од 1999 година живее во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица