Свет
20. December 2017 - 12:06

Турскиот премиер ги посети Рохинџите бегалци во Бангладеш

Делегација предводена од турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска посети два бегалски кампови во Бангладеш, каде се сместеми Рохинџите, кои избегале од воените репресии во соседен Мјанмар.

Јилдирим прво го посети бегалскиот камп лоциран на околу 40 километри од градот Кокс Базар. Во кампот се сместени илјадници Рохинџи од Мјанмар. 

Во Кокс Базар турскиот премиер присуствуваше на примопредавање на две возила за брза помош на централната градска болница. Возилата се донација од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Тој посети уште еден бегалски камп, каде во тек е изградба на полска болница.

Покрај ТИКА хуманитарни акции во регионот имаа и Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни состојби (АФАД) туската Црвена полумесечина, како и Дирекцијата за религиозни прашања на Турција.