Балкан
13. March 2018 - 12:27

Турскиот Парламент одбори контроверзни измени на изборниот закон

Турскиот Парламент денеска ги одобри измените во изборниот закон, за кои критичарите предупредуваат дека имаат за цел да ја зацврстат власта на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Седницата на кои се усвоени законските измени траеше цела ноќ.

Во Турција следната година ќе има избори, а на Ердоган му се потребни 51 отсто од гласовите за да остане претседател на Турција.

Опозицијата стравува дека другите амандмани усвоени на седницата го отвораат патот за изборна кражба.