-->
-->
Турскиот Парламент ја одобри Владата на Давутоглу
-->
Турското Големо национално собрание доцна синоќа и изгласа доверба на новата Влада на премиерот Ахмет Давутоглу, јави ТАСС.
За доверба на Владата се изјаснија 315 од вкупно 550 пратеници во турскиот Парламент. За да биде одобрен, на Кабинетот на Давутоглу му беше потребна поддршка од најмалку 276 пратеници.
На предвремените парламентарани избори во Турција на 1 ноември, Партијата на правдата и развојот (АКП) на Давутоглу освои 49,5 отсто од гласовите со што обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот, што по 13 години го загуби на редовните избори, одржани пет месеци порано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер